УЧАТ ЗА ФОРМАТИ НА HIGHLANDER
Highlander Херкулес
HIGHLANDER Херкулес го добива своето имет од митолошкиот херој Херкулес. Исто така соѕвездието Херкулес е второто северно соѕвездие по големина, и најдолгата пед дневна HIGHLANDER авантура го носи името HIGHLANDER Hercules.
HIGHLANDER Hercules Охридско Езеро е планинарски авантуристички предизвик од 100 км на планината Јабланица, кој трае 5 дена и ве води низ убавините на оваа недопрена природа во југозападна Македонија. Оваа планинарска тура претставува хармонична комбинација на љубовта кон природата, планинарењето и желбата за стекнување нови пријатели и нови несекојдневни искуства.
Зачувај го датумот
21.08. – 25.08.2024
Highlander Орион
Орион е истакнато соѕвездие лоцирано на небесниот екватор и видливо низ целиот свет. Тоа е едно од највпечатливите и најпрепознатливите соѕвездија на ноќното небо.
HIGHLANDER Orion Охридско Езеро е еднодневна (и со едно ноќевање) авантура на планината Јабланица.
Овој настан е наменет за сите оние кои не се чувствуваат доволно спремни за петдневната HIGHLANDER авантура.
Зачувај го датумот
24 - 25.08.2024
КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА
- Дежурна служба за спасување;
- 3 оброци на ден;
- HIGHLANDER Охридско Езеро ID – Агенда и опис на контролните точки (со посебен дел за печати од контролните толки);
- HIGHLANDER Охридско Езеро мапа – детална мапа и водоотпорна торба за мапата;
- Учеснички број, ознака за ранец;
- HIGHLANDER Охридско Езеро беџ;
- HIGHLANDER Охридско Езеро амблем;
- HIGHLANDER Охридско Езеро сертификат;
- Организација на едукативни и забавни активности во текот на целото времетраење на настанот;
- Поддршка на старт, цел, контролните точки и вдолж целата стаза;
- Превоз од „Камп Скаут“ во Струга (збирно место) до селото Модрич (стартна точка), за учесниците на HIGHLANDER Херкулес Охридско Езеро