Да не се лажеме HIGHLANDER не е обична прошетка во парк!
Температурите од 8°C до 25°C
За да можете да уживате во овој настан, препорачуваме кондициска подготовка неколку месеци пред неговиот почеток. (Наша препорака се 200 км вкупно планинарење во месеците пред почетокот на настанот.) Опремата што ќе ја носите на настанот претходно мора да биде проверена дали е во ред.
На Галичица се чувствува влијанието на топлите и влажни воздушни маси од Јадранското Море, кои тука се судираат со континенталните струења од исток. Можеби затоа, колку и да е ведро небото во овој дел на Македонија, над највисокиот предел на Галичица постојано се формираат облаци. Нè очекува различна клима, па бидете подготвени за сите годишни времиња.